Започна вториот ONE #Zimogram награден фото конкурс

На Попова Шапка на 29-ти јануари, во присуство на преставниците на медиумите и поголема група на корисници на популарната мобилна апликација Инстаграм, телекомуникацискиот операторот ОНЕ го најави почетокот на вториот Инстраграм фото конкурс. Минатогодишниот конкурс насловен ONE # Letogram заврши успешно а за тоа говорат и пристигнатите над 2.500 фотографии од голем број на автори, од кои што на најдобрите им беа доделени награди.

“ По втор пат ОНЕ ја отвора можноста сите инстаграмџии да ги споделат своите фотографии и уште еднаш да покажат дека со мобилните телефони се создава уметност. Најавуваме уште една возбудлива Инстаграм сезона„ изјави Емилија Зографска, менаџер за Односи со јавност во ОНЕ.

Фото конкурсот ќе се одвива во три фази. Во првата фаза која ќе трае до 28-ми февруари сите заинтересирани ќе имаат можност да ги пријават своите фотографии на Инстраграм со додавање на тагот # Zimogram. Во втората фаза тричлено стручно жири ќе ги одбере најдобрите фотографии, за кои што ќе се гласа на Facebook фан страната на ОНЕ во периодот од 6-ти до 15-ти март.

Авторот на првонаградената фотографија ќе добие награда Samsung SIII mini, а награди следуваат и за второ и трето наградената фотографија. Подетални информации за фото конкурсот на www.zimogram.mk
Првите фотографии пристигнаа од учесниците кои ја искористија убавината на Попова Шапка и сончевото време.

collage

Бобан Костадиновски