Амбулантата во Шуто Оризари од следната недела ќе добие гиноколог, со што се решава решава долгогодишен проблем и се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина.
Ова денес го објави министерството за здравство по работната средба на министерот Арбен Таравари со министерот без ресор, Самка Ибраимовски.
Во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи д-р Вјолце Мбиара. Според министерството, се работи за специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено во американска болница во Албанија.
Инаку, невладини организации константно укажуваат на низа проблеми со кои секојдневно се соочуваат жените Ромки. Долго време се протестираше и чекаше на гинеколог во Шуто Оризари. Голем број од локалните жени за првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а неретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации, иако се итни случаи.