Во Јавна соба во текот на месец јули е отворена изложбата „Мост”, на уметницата Сузана Зафирова, а сите посетители во вечерните часови ќе може да се сретнат со авторот и да разменат мислења.
Кои се новите ѕидови на жената? Како нејзиниот емоционален капацитет го бои етерот истражувајќи го навидум безграничниот нов простор? Кои се нијансите меѓу можностите на жената онакви какви што сите би ги признале и онакви какви што се во секојдневието?
Жената има жива улога денес, не е статична, улога која добива нови форми и менува стовековни социјални и родови пејзажи. Промена во родовото сценарио значи и ребаланс на моќта, а сотоа и на одговорноста, стои во најавата за изложбата.
Во текот на 15 тематски циклуси Сузана Зафирова има одржано над 40 самостојни изложби на Балканот. Влезот за сите посетители е слободен.