Конкурсот за најдобра сатирична [пара] вест трае до 6ти февруари,a предлозите пополека пристигнуваат на адресата на Радио МОФ.
Доколку сеуште се двоумите дали да се пријавите, погледнете некој од најкреативните твитови на #кромидфест . Твитерџии успеаа да со 140 карактери да ги “искромидарат“ секојдневните порблеми на младите, од ректорот до професорите, политичките партии, дисперзираните студии итн.
Министерот за образование се пресели во Студентски дом зашто условите таму биле подобри од неговиот дом !! #кромидфест
— Robyn of Sherwood (@RubinBt) January 30, 2013
Државата се откажа од двата брода, парите пренаменети за студенски дом #кромидфест
— i999y (@i999y) January 30, 2013
Член на партиски подмладок НЕ лепел постери за време на избори #кромидфест
— Stefan Aleksik (@StefanAleksik) January 24, 2013
Денес @VladaMK донесе одлука Агенцијата за млади и спорт да прерасне во Министерство за млади со буџет од 1546789766577 евра #кромидфест
— Daniol (@daniol_) January 23, 2013
Шок во македонската јавност. Студент успеал да се вработи само со диплома ане со партиска книшка #кромидфест
— Robyn of Sherwood (@RubinBt) January 23, 2013
Сојузот на студенти повторно со критики кон власта. #кромидфест
— Zabrcanec (@Zabrcanec) January 23, 2013
Скандалозно: студенти навистина ги разбирале предметите кои ги учат. #кромидфест
— Јована (@J_nannah) January 23, 2013
студентите не се повеќе комформисти #кромидфест
— Toshe Zafirov (@TosheZafirov) January 24, 2013
Најново: Ректорот на УКИМ го одби предлогот за купување на мерцедесот и сака да оди со велосипед на работа #кромидфест
— изНЕНАДен (@Nenad_Cartman) January 23, 2013