Маж од Јужна Каролина побегна од затвор со висок степен на обезбеденост, откако му биле доставени мотоцанги со помош на дрон.
Џими Коси, кој бил осуден на затвор во 2004 година поради киднапирање, користел прокриумчарен паметен телефон за да договори достава на алатите со дрон, јавува Асошиејтед Прес. Потоа, ја пресекол оградата и оставил кукла во својот кревет да ги излаже чухварите дека спие.
Експертот за безбедност во затворите, Кевин Тамез, за АП рекол деказа да бидат тешките алати за сечење на жици и огради доставени, дронот би морал да слета.
„Мора да успеал да го слета дронот пред да ја земе доставата од него“ вели Тамез. „Не можат да го пуштат пакетот како бомба“.
Затворите започнаа да поставуваат мрежи за да спречат затворениците да шверцуваат предмети преку високите огради, но таа тактика не може сосема да ги спречи дроновите.
Властите на Тексас го пронашле Цоси во морел во Остин петокот вечерта, три дена откако избегал.
Тој бил осуден на доживотна казна пред 13 години, а претходно имал избегано од затвор во 2005 година. Без дрон, тогаш заедно со уште еден затвореник се сокрил во камионот за ѓубре кој го напуштал затворот.