„Скопски легенди“ е насловот на новата книга со екслузивни текстови на хроничарот на Скопје Данило Коцевски, која утре во 20 часот ќе биде промовирана во Музејот на град Скопје.
Издавач е Дирекцијата за култура и уметност, а книгата ќе ја промовираат професорките Љубинка Босотова и Наташа Аврамовска.
Настанот е дел од програмата на Скопско Лето 2017.