Третото видео од настанот „Пречки во програмата“ е насловено „Медиумска (не)вистина“. Гледајќи ја заслепеноста на народот наоколу, млади креативци добиле инспирација да го направат овој видео перформанс каде главниот проблем, велат тие, е извртеното и лажното прикажување на настаните од медиумите, чија цел би требало да биде информирање на граѓаните.
„На ова се надоврзува и заслепеноста на луѓето од неможноста да најдат доверлив извор на информации. Нашиот саркастичен начин на прикажување на оваа апсурдна состојба, се надеваме ќе допре до оние до кои е насочена“, велат младите креативци.
Инаку, видеото е производ на работилница на Медиа/арт клубот Скопје на Младински образовен форум.
Изработено е од Магдалена Димковска, Тамара Богдановска и Исидора Здравковска.