Магионичарот Кристијан Шопов веќе 14 години мами насмевки и восхити кај луѓето преку своите трикови. Тој неодамна ја освои една од трите награди на натпреварот за „Зелени бизнис идеи“ организиран од Здружението за социјални иновации „АРНО“. Негова цел во иднина ќе биде преку неговата магија да испраќа еколошка порака до најмладата генерација, при тоа, во својот проект активно ќе вклучи и лица од маргинализираните групи.