Скопскиот електро-поп состав „Bei The Fish“ со концерт во денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ) на 15 февруари ќе го промовира новиот албум со наслов „At The End Of The Sand“. Концертот почнува во 22 часот.
Албумот во декември го издаде PMG Recordings.Насловната фотографија е на Darkkind Syk, а дизајнот и изгледот на омотот е дело на Ѓорѓи Чупиќ.