Нобеловецот Лиу Ксиаобо претставуваше инспирација на цела една нова генерација на про-демократски активисти во Кина и неговата смрт ја одбележаа политички ангажираните уметници.
Ксиаобо почина вчера на возраст од 61 година во болница во Кина, додека ја издржуваше 11 годишната затворска казна за „субверзија“. Меѓународната заедница ги обвини кинеските власти за третманот на еден од нивните најголеми критичари поради тоа што не му било дозволено да се лекува надвор од земјата. Нобеловиот комитет кој на Ксиаобо му додели Нобелова награда за мир во 2010 година, соопшти дека Кина сноси „голема одговорност“ за неговата смрт.
Кина ги отфрли критиките, посочувајќи дека се работи за внатрешно прашање на државата и дека другите земји „не се во позиција да даваат несоодветни коментари“.
Многу активисти го гледале како предводник на нивната кауза и оддадоа почит на човекот кој од кинеските власти за неговиот активизам беше етикетиран како криминалец и неколку пати беше затворан за „субверзија“.
Еден извор на инспирација претставувала неговата љубов со сопругата Лиу Ксиа, која исто така се наоѓала во куќен притвор. Сликата од нив, која во последниот период ја ширеа нивните пријатели активисти, посебно мотивираше многумина. Според информациите последните зборови на Ксиаобо до неговата сопруга биле „продолжи да живееш добро“.
Оваа слика поттикна повеќе уметнички илустрации, кои ја одбележуваа нивната љубов. Една од нив е и сликата во продолжение, на уметникот Бадиукао, наречена „Пациентот на Кина“.
Уметникот, кој живее во Австралија, неговата илустрација ја поставил на ѕид во Хосиер Лејн во Мелбурн во средата, пред смртта на Ксиаобо, повикувајќи на негово ослободување.
Познатиот политички илустратор Ребел Пепер на Твитер ја прикажа својата алтернативна верзија на фотографијата.
Кинескиот илустратор Киаогуаи бил инспириран од истата фотографија и на Твитер ја сподели оваа слика од две свеќи симболизирајќи го парот.
Во 2010 година на Ксиаобо не му беше дозволено да отпатува во Шведска и да ја прими Нобеловата награда за мир.
Илустрација од неговата празна столица исто така потикна инспирација кај уметниците, како оваа слика на Бадиукао.
Ребел Пепер во меѓувреме нацрта слика од столицата покриена со сините линии на пиџамите кои ги носеше Лиу Ксиаобо.
Во Хонг Конг, каде активистите бараа ослободување на Ксиаобо, 17 годишниот ученик Ансон Хуи изразил стравувања што би претставувало неговата смрт.
„Се плашам. Ако го загубиме Лиу Ксиаобо никој не може да го замени… ако го немаме Лиу не можеме да го обединиме светот да проговори. Светот ќе изгуби спиритуален лидер“, рекол тој за француската агенција АФП.