Има интерес од странските навивачи за сместување во студентските домови, но идната недела ќе решаваат дали ќе бидат отворени и за овие групи, вели за Радио МОФ директорката на Државниот студентски дом -Скопје, Даниела Темелкова.
Темелкова појаснува дека доколу биде позитивно решено, тогаш ќе биде отворен и студентскиот дом „Гоце Делчев“, бидејќи поради малиот број студенти во лето работат само студентскиот „Кузман Јосифовски Питу“ и дел од „Стив Наумов“.
Овие домови имаат голем број слободни соби и секое лето се отвораат за гости од земјава и странство, за што се изгласува и официјален ценовник. Групите претходно треба да бидат најавени кај надлежните во домот и можат да престојуваат во текот на летото. На сајтот на Државниот студентски центар последната информација за цената на сместувањето е од 2015 година, каде е наведено дека едно ноќевање во двокреветна соба за странец чини 10 евра.
Проблемот со сместувањето на големиот број странски навивачи, кои за да го следат Супер купот ќе допатуваат во Скопје, се појави откако на дел од нив резервациите им беа откажани за потоа да се издаваат по неколкупати повисоки цени. Супер купот се игра на 8 август, помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Денеска студентските домови предложи да се отворат за навивачите на Реал и Манчестер побара Павле Трајанов, од Демократскиот Сојуз за да се сместат неколку илјади гости.