Првпат во Македонија, вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“ во 21 часот пред платото на Македонска опера и балет вечер ќе се одржи концерт „Ладино богатство“ на Коби Ошрат (гитара и вокал), Галит Гијат (вокал), Ејал Хавив (клавијатура и хармоника) и Адам Тал (гитара, мандолина и ут) од Израел.
Во Фоајето на Македонска опера и балет ќе биде поставена и изложба на фотографии „Мојот Ерусалим“ на Шломи Амсалем од Израел. Изложбата е во соработка со амбасадата на Државата Израел во Македонија.
На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во рамки на манифестацијата вечер ќе има и вонредна проекција на филмот „Јавачи на коњи“, во режија на Марјан Гавриловски.
Улогите ги толкуваат Никола Кузелов, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски и Кристијан Стојановски. Влезот е слободен.