Британија ќе ја забрани употребата на сите возила кои работат на дизел гориво и бензин од 2040 година, поради страв дека нивоата на азот оксид ќе станат преголем ризик за јавното здравје.
Обврската, која е слична на онаа која ја презема Франција, е дел од владиниот долгоочекуван план за чист воздух.
Владата предупреди дека потегот, со кој ќе се зголеми и продажбата на хибридни возила, е потребен поради лошото влијание кое лошиот воздух го има врз здравјето на луѓето. Министрите веруваат дека е најголем еколошки ризик за јавното здравје во Обединетото Кралство, а чини околу 2,7 милијарди долари во изгубена продуктивност секоја година.
„Лошиот квалитет на воздухот е најголемиот еколошки ризик за јавното здравје во Британија, а оваа влада е решена да преземе строга акција во најкраток период што е можно“, изјави портпаролот на владата.
„Токму затоа ќе нудат советување и нови фондови за забрзување на развојот на локалните планови, како дел од амбициозната програма од 3 милијарди фунти да се исчисти загадениот воздух на патиштата“, додава.
Секретарот за животна средина, Мајкл Гоув, вели дека се надева дека планот ќе биде добро прифатен, после повеќемесечна подготовка и огромни критики од активистите за заштита на околината.