Избувна пожар и на дивата депонија и во Ново Лисиче. Пожарот се настојува да се локализира со две пожарникарски возила, информираше попладнево телевизија 24Вести.
Радио МОФ веќе пишуваше за нова депонија кај последна автобуска станица на „5-ка“. Граѓани реагираа за купиштата со отпад што се трупаат покрај кејот на Вардар, од каде летните горештини помагаат ужасна миризба да се шири низ населбите Лисиче и Ново Лисиче, па потоа и низ цела општина Аеродром.
Според аеродромци, несовесни граѓани со камиони и слични товарни возила фрлаат секакво ѓубре, градежен шут и отпад. Претпоставуваат дека тоа се лица кои наплаќаат за таква услуга, а за да биде ситуацијата уште покатастрофална, ѓубрето некој го пали.
[Фото] Се создава нова депонија во Аеродром, жителите пак затвораат прозор за да „пролуфтираат“