Комичарот и еден од најпознатите водители во САД, Стивен Колбер, ќе продуцира нова анимирана комедија која се основа на претседателот Доналд Трамп и неговото семејство.
Засега ненасловената комедија со епизоди во должина од половина час, ќе се емитува на Showtime, а одобрена е една сезона од десет епизоди.
Нејзина цел ќе биде да ги претстави „донекаде вистинитите авантури на поверениците и соработниците на Трамп – неговото семејство, најблиските соработници, голферите и сите кои заскитале во неговата орбита – истражувајќи ја нивната историја и психа, откривајќи внатрешен поглед на тоа што ги прави „Трамповци““. Додаваат и дека е „комедија на работното место, каде канцеларијата е овална, тоа е студија на карактер во потрага по карактер, како што може да се види низ очите на имагинарната екипа зад документарецот“.
„Знам дека многу луѓе сакаа да го направат ова, и јас сум почестен што Цртаниот претседател ја покани нашата документаристичка екипа во неговиот приватен свет“, објави Колбер.
Шоуто е инспирирано од анимираниот сегмент за отворање на специјалното издание не Showtime на Колбер, Stephen Colbert’s Live Election Night Democracy’s Series Finale: Who’s Going to Clean Up This Sh*t?. Колбер ќе биде извршен продуцент, заедно со неговиот продуцент од The Late Show, Крис Лихт. Тим Луецки, кој работеше на „анимираниот Трамп“ на Late Show, ќе биде главен аниматор.