Пет македонски филма ќе бидат прикажани на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ (Teen International Shorts Festival), кој почна вчера, а ќе трае до 9 февруари во Истанбул, Турција.
На фестивалот ќе се прикажат околу 200 краткометражни, документарни и играни филмови, а од Македонија ќе се прикажат краткометражните филмови на Игор Алексов, Марко Ѓоковиќ, Саша Станишиќ, Елизабета Конеска и на Стефан Сидовски.
Учесниците и посетителите на фестивалот исто така ќе можат да учествуваат на предавања на еминентни пофесионалци од областа на филмската индустрија, каде младите филмаџии ќе имаат можност да дискутираат и да ги споделат своите мислења и искуства.
Извор: mkd.mk