Врвниот германски мачувалец Рорик Јансен од 7 до 11 август ќе одржи семинар за македонските тренери по мечување во хотелот Дрим во Струга. Семинарот под менторство на Јансен кој доаѓа од Германскиот олимписки комитет, се одржува во соработка со Македонскиот олимписки комитет со цел унапредување на квалитетот на стручните спортски кадри во Македонија.
Во сабота и недела, на 12 и 13 август, во хотелот Дрим во Струга ќе се одржи осмиот Меѓународен турнир во мечување „Куп на охридското езеро“.
Учесниците на купот ќе се натпреваруваат во три дисциплини во машка и женска конкуренција. Годинава во натпреварите ќе учествуваат мечувалци од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија и Унгарија. Посебен интерес предизвикува настапот на мечувалските ветерани и носители на медал од последното европско првенство Александар Анастасов и Зоран Стојановиќ.