Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави јавен повик за аплицирање за грантови до 10.000 евра, неповратни средства наменети за млади земјоделци.
Од Министерството информираат дека годинава има променети критериуми за аплицирање, согласно Одлуката на Владата за измена на Програмата за рурален развој во делот на мерката за помош на млади земјоделци за почнување земјоделска дејност.
Деталите за аплицирање може да се видат на следниот линк.