Како што се развива технологијата, така некои функции на мобилните телефони заминуваат во историјата. Ова се петте работи што полека исчезнуваат или веќе ги нема кај смартфоните:
- Звучници на предната страна
Тие никогаш и не беа карактеристика на популарните „флегшип“ модели, иако се појавуваа кај одредени типови. Така, на пример, Nexus 6P, што никогаш посебно не се истакнуваше како уред, комбинацијата од елегантен дизајн, добар софтвер и дуални предни звучници го направи совршен за мултимедијални активности.
Многумина денешни корисници на смартфони не беа во можност да користат апарат со предни звучници, откако таканаречениот edge-to-edge дизајн стана стандарден.
- Заменлива батерија
Појавата на технологија на безжично полнење на батеријата целосно ја укина потребата за заменливи батерии, но нивното исчезнување ги прави нешто кое на многумина им недостига. Голем број поевтини модели и натаму ја задржаа оваа опција, но тука се поставува прашањето колку луѓе навистина со себе носат две батерии.
Сепак, со почетокот на доминацијата на стаклото и алуминиумот во изработката и дизајнот на телефонот, се чини дека деновите на заменливите батерии се веќе избројани.
- Приклучок за слушалки
Да се верува дека класичниот „џек“ за слушалки е веќе „мртов“, сепак е претерано. Сè започна со iPhone 7 и Moto Z, а според некои шпекулации, и Google Pixel 2XL ќе има блутут-врска со слушалките.
Сепак, Galaxy S8 не се откажува од класичниот приклучок.
- Големина
На почетокот смартфоните беа помали, но со напредокот на технологијата и со појавата на сè поголемите екрани, и тие „растеа“.
Тоа, секако, има свои предности, а една од најважните е вградување поголеми батерии.
- Тастатура
Физичката тастатура денес навистина е реткост. Иако постојат луѓе што сè уште ги фаворизираат, софтверските тастатури во последно време стануваат сè понапредни и поедноставни за употреба.
Извор: B92