Студенти во Германија изработија најмодерна 3Д анимација

Група студенти на Институтот за анимација, визуелни ефекти и дигитална постпродукција на Филмската академија во Баден – Виртемберг во Германија изработија анимиран филм во кој се вклучени некои од најмодерните технологии за филмска анимација досега употребени. Филмот „Наталис“, во режија на студентите Даниел Брковиќ и Јан-Марсел Кун е всушност дипломскиот труд на двајцата автори, а тие за ова дело веќе ја добија ВЕС-наградата за најдобри видео-ефекти во студентски проект.

„Наталис“ е приказна за женскиот робот Еа, која ја прогонуваат визии на страв и лоша иднина. За да го избегне ова, таа мора да одлучи за животот или смртта на новороденото суштество со име Енки. Филмот го краси не само трогателната приказна, туку и извонредните графички и анимациски техники.

Погледнете дел од овој студентски филм во овој тизер, како и во видеото за процесот на правење на филмот подолу:

 

NATALIS – Teaser from Evi Rejeki on Vimeo.

Natalis – Making Of from Philipp Wolf on Vimeo.