Социјалната мрежа Твитер по долго време одговори на едно од најчестите барања на корисниците и овозможи пребарување на старите твитови според клучен збор или хаштаг. Овој потег следи откако на корисниците најпрво им беше овозможено да ја преземат целата своја архива, а сега и сите ќе имаат можност да пребаруваат назад во времето.
Оваа промена се очекува да биде достапна за сите корисници во следните денови и да го замени стариот алгоритам кој пребаруваше само неколку денови наназад. Со новиот алгоритам корисниците ќе имаат можност да пребаруваат во поголем временски интервал и да ги сортираат твитовите по старост.
Ова е само за почеток и нема да опфаќа голем процент од вкупниот број на испратени твитови, а ќе се следат активностите како омилени твитови, ретвитови и кликови. Бројот на твитови кои ќе се обработуваат ќе се зголемува со тек на времето, пишува Пол Брстин на официјалниот блог на Twitter.
Извор: It.com.mk