Пабло Пикасо ја насликал „Госпоѓиците од Авињон“ (1907) на возраст од 26 години, Салвадор Дали ја завршил „Трајноста на сеќавањето“ (1931) на 27, а Микеланџело ја открил статуата на Давид (1501-4) на јавноста кога имал околу 29 години. Сите ремек дела, завршени пред нивниот автор да наполни 30.
Како овие уметници постигнале такви неверојатни резултати на почетокот на својата кариера? Вродениот талент, секако, е фактор. Но, започнале и да вежбаат млади: Пикасо, Дали и Микеланџело сликале уште во тинејџерските години. Подолу се детските слики и цртежи на сега седуммина познати уметници, кои сведочат за еволуцијата на уметничкиот гениј.
Албрехт Дирер, „Автопортрет на тринаесет“ (1484)
Пол Кле, „Жена со чадор“ (1883-5), кога уметникот имал околу 4-6 години
Џорџа О’Киф, Без наслов (дланка), околу 1902, кога уметницата имала 14 години
Салвадор Дали, Пејсаж до Фигер (1910-1914, кога уметникот имал меѓу шест и десет години)
Пабло Пикасо, „Пикадор“ (1889-90, кога имал осум години, пред да учи да слика)
Едвард Хопер, „Мало момче кое гледа кон морето“ (1891, кога имал девет години)
Микеланџело Буонароти, „Мачењето на Свети Антониј“, (1487, кога имал 12 години)