Со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на годинашните награди, вечерва завршува 56-тото издание на Струшките вчери на поезијата (СВП).
Фестивалот утре ќе се пресели во Скопје каде, традиционално, ќе се одржи Поетско матине на Матка, а вечерта ќе има и Меѓународен поетски митинг на плоштадот „Македонија“.
Изминатите денови СВП понуди богата програма. Се оджраа поетски читања, портрети на поети, симпозиуми, средби со издавачи,…
Годинашното издание почна на 23 август, со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“ на кое прв своја песна рецитираше добитникот на „Златен венец“ Чарлс Симиќ.
На СВП учествуваа триесетина поети од Македонија и странство. Вчера, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ги прими Симиќ, хрватскиот поет Горан Чолакхоџиќ, кој е добитник на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, носителот на наградата „Браќа Миладиновци“, македонскиот поет Михаил Ренџов, и организаторите на 56. издание на СВП.
Во Црквата „Св. Софија“ во Охрид синоќа се одржа и Поетски портрет на Чарлс Симиќ.