Македонското еколошко друштво ги објави победничките фотографии на овогодишниот фото-конкурс за Балканскиот зелен појас.
Се наградуваше прикажувањето на различноста на појасот низ очите на фотографите во три посебни категории: „Млади под 18 години“, „Аматери“ и „Професионални фотографи“.
Во Македонија, Зелениот појас ги опфаќа трите државни граници со Бугарија, Грција и Албанија.
Наградата за прво место од категоријата професионални фотографи му припадна на Хелмер Адеми за неговата фотографија од Бистра.

Хелмер Адеми – Бистра
Фотографијата од Галичица на Дејан Димиџиевски го освои првото место во категоријата на аматери.

Дејан Димиџиевски – Галичица
Во категорија млади, првото место го освои Марина Балоски, со нејзината фотографија од реката Радика.

Марина Балоски – Радика
Конкурсот се спроведува втора година по ред во организација на Македонското еколошко друштво во соработка со Еуронатур од Германија.