Меркел освои четврти мандат, десничарската АфД првпат влезе во германскиот парламент

Ангела Меркел обезбеди четврти мандат како канцелар на денешните избори, но нејзината победа ја засени екстремно десничарска партија Антимиграционата Алтернатива за Германија (АДФ).

АФД добила повеќе од 13 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати – резултат што ги победи дури и највисоките резултати на предизборните анкети и за првпат ја стави екстремно десничарска партија во парламентот во поствоената историја на земјата.

Иако Меркел обезбеди уште еден мандат, нејзиниот централно-десничарски блок го забележа најлошиот резултат од 1949 година, освојувајќи околу 33 отсто од гласовите, односно пад од 41 отсто во 2013 година.

Централно-левичарските социјалдемократи поминаа уште полошо, постигнувајќи околу 21 отсто, најлош резултат за партијата која се смета за столб на германскиот политички живот од 19-тиот век. Лидерот на партијата, Мартин Шулц, вети дека ќе влезе во опозиција, напуштајќи ја „големата коалиција” со Меркел, која владееше со Германија осум од изминатите 12 години.

„Ние јасно не успеавме да ја одржиме нашата традиционална база”, изјави Шулц, велејќи дека силата на АДФ значи „особена загриженост” и „пресвртница”.

Првпат од 1953 година, во германскиот парламент ќе има шест политички сили.

„Одиме по Меркел. Ќе ја вратиме нашата земја и нашиот народ“, порачаа од германската антимиграциска и крајно десничарска.

Четврто место на изборите освои Партијата на слободните демократи. Тие заедно со „Зелените“ соопштија дека имаат желба да и се приклучат на Ангела Меркел во нејзината нова влада, што значи дека заедно би имале мнозинство од 51-52 проценти во парламентот.

*ОБНОВЕНО

Протести низ државата поради изборниот успех на екстремната десничарска партија

Откако резултатите покажаа дека АФД влегува за првпат во германскиот парламент, противниците на екстремно десничарската популистичка партија протестираа на улиците во Берлин, Хамбург и Келн.

Толпата се собра пред зградата каде АФД го славеше својот историски изборен резултат. Демонстрантите извикуваа „Расизмот не е алтернатива”, „АФД е куп на расисти” и „Нацисти, надвор!”

Слични анти-АФД протести, исто така, се одржаа на другата страна на земјата во Келн. Таму, демонстрантите се сретнаа пред централната железничка станица на западниот германски град пред да маршираат по улиците додека носеа знаме во кое пишуваше: „Кој е молчи е соучесник”.

Во Хамбург демонстрантите протестираа од централната станица кон градското собрание и локалните штабови на екстремно десничарската партија.