Во недела (1 октомври) во 12 часот, кај Железничката зграда во Скопје (адресоа: ул. Рајко Жинзифов, 36) ќе се одржи перформативно-истражувачкиот проект „Кога зградите би зборувале“.
Станува збор за повеќеслоен и мултидисциплинарен проект кој подразбира истражувачки процес обликуван во форма на перформанс на уметникот Филип Јовановски, во соработка со архитектот истражувач Дејан Ивановски, како и конференција и публикација, сето тоа курирано од Ивана Васева.
Во центарот на овој проект е Железничката зграда во Скопје, уникатна зграда изградена кон крајот на 40-тите години на минатиот век, пример за социјално живеење и делување, која во своите рамки вклучува и кино и периметаски блок кој го врамува дворот.
Проектот е дел од фестивалот „Млад отворен театар“ во Скопје, во рамки на придружната програма.
Важна напомена: Овој проект може истовремено да биде проследен само од 32 лица присутни во публика. Оние кои сакаат да присуствуваат можат да се пријават во инбокс порака овде.
Автор: Филип Јовановски
Кураторка: Ивана Васева
Истражувач и ко-автор на сценарио: Дејан Ивановски
Актерки: Кристина Леловац, Сања Арсовска, Јасмина Василева, Долорес Поповиќ
Видео продукција: Илија Тирицовски
Дизајн на звук: Дејан Петровиќ
Учествуваат: Станарите од железничка зграда
Продукција: Оливер Мусовиќ
Кураторка на дискусијата и перформансот: Ивана Васева
Организација: ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/ Скопје.