Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) распиша конкурс на кој ќе бидат наградени преведени литературни дела на англиски јазик, објавени од издавач во Велика Британија, изворно напишани на некој од јазиците од земјите каде работи ЕБОР.
Првата награда од 20.000 евра ќе биде подеднакво поделена помеѓу победничкиот автор и преведувачот. Двајцата второпласирани и нивните преведувачи ќе освојат награда од по 1.000 евра секој. Тројцата финалисти ќе бидат поканети во Лондон, за да учествуваат во церемонијата на доделување награди и дискусијата во седиштето на ЕБОР во април 2018.
Повеќе детали за повикот и критериуми за учество можете да најдете ОВДЕ.
Наградата е развиена како проект од културата, во насока на нагласување на различностите и културната креативност на земјите каде што Банката има свои активности и каде што инвестира.
Крајниот рок за доставување на делата е 31 октомври 2017.