Владата на вчерашната седница го усвои предлогот на Министерството за култура оваа година да не биде доделена државната награда „23 Октомври“.
Министерството и го предложило тоа на Владата врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот ѝ завршил во февруари оваа година, а претходната Влада не покренала постапка за формирање нова.
„Поради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување кандидати за оваа награда“, информира владината прес-служба.
На седницата, Владата донесе и одлука да се даде позитивно мислење на Предлогот на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП.