Концертната агенција и продукција „3Гонга“ од Скопје во соработка со ноќниот клуб Станица 26 започнува со концертни настапи на звучни и препознатливи џез и блуз музичари не само од земјава, туку и светски етаблирани. Па така, на 11 октомври со почеток во 22 часот настапува македонскиот гитарист, текстописец и продуцент Дамир Пух. Неговиот настап е наедно и концертна промоција на неговиот нов албум.
Дамир учествуваше на гитарски мизички избор надвор од Македонија, каде во ранг на 450 гитаристи од цел свет беше избран во најдобрите 7, а потоа следеа многу први награди на други фестивали. Има одлично чувство за композиција. Така, неговиот албум кој ќе биде промовиран на 11 октомври е вистинско гитарско ремек дело.
Веднаш следната вечер на 12 октомври со почеток во 22 часот закажан е концертен настап на американскиот гитарски феномен Ерик Геилс, за кој светската критика симболично вели дека е музичка реинкарнација на Џими Хендрикс.
Зад новоформираната концертна агенција и продукција „3Гонга“ стојат тројца исклучителни и долгогодишни музикофили Александар Пејчиновски – Пејчи, Васја Ивановски и Здравко Ситновски – Ситна, подеднакво познати на скопската андерграунд и на меинстрим сцената.