Со филмот „Семејството на Ники“, добитник на голем број интернационални награди, в сабота напладне во Македонскиот народен театар ќе биде отворен вториот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.
Проекциите викендов (14-ти и 15 октомври) ќе бидат во МНТ, а од 16-ти до 18 октомври во Кинотека на Македонија.
Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври со Детска филмска академија, во присуство на околу 500 деца од основните училишта.
Фестивалот се одржува под покровителство на Агенцијата за филм и е со благослов на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и г.г. Стефан. Организатор е ТВ и филмска продукција Top World од Скопје
МИА