Втората изведба на детскиот мјузикл „Градот моли: Ме угушивте ме боли!“ ќе се одржи во петок (20 октомври), во Кино Култура со почеток во 19 часот.
Оваа детска едукативна еко претстава е создадена во соработка со „Skopje Smog Alarm“ и „Ветерница“ и на интересен начин го обработува проблемот со аерозагадувањето.
Идејата е да испрати сериозна порака дека сите треба активно да се вклучиме во заштита на воздухот во нашиот град од чија загаденост страдаме сите, а особено најмладите. Влезот е 100 денари.