Во среда (25 октомври), со почеток од 19 часот во просториите на Social Innovation Hub во организација на СкопјеЛаб ќе се оддржи 19-тиот по ред TEDxSeptemvriskaSesijaSalon на тема „Образование: Превртена училница“ („Education: Flipped Classroom”).
Темата ќе истражува и поттикне дискусија за начините на кои може да се вметне модерна технологија (игри, видеа, алатки) во образовните процеси, ќе се дискутира за добрите практики од странство и Македонија на оваа тема, меѓутоа ќе се споменат и идеите на Khan Academy и NESTA за Flipped Teaching & Learning.
Настанот е од неформален карактер и стимулира дискусија помеѓу учесниците.
TEDx настани во Македонија – место за споделување на визионерските идеи и глобални трендови
На настанот во присуство на почесен гостин ќе биде и господинот Бенџамин Перкс, претставник за УНИЦЕФ во Македонија, а присуство се очекува и од Луиза Винтон, претставничката за УНДП во Македонија како и претставници од Министерство за образование, Град Скопје и други образовни институции.
Апликационата форма може да ја најдете овде; крајниот рок за аплицирање е 22.10.2017, 12:00, пладне. Работниот јазик на настанот е англиски.
Повеќе детали за настанот може да прочитате на официјалниот Facebook настан.