Буенос Аирес, Глазгов и Меделин се трите градови кои останаа во игра како кандидати за домаќин на Олимписките игри за млади во 2018 година.
Како што стои во соопштението на Меѓународниот олимписки комитет, претходно биле одбиени кандидатурите на мексиканскиот град Гвадалахара и холандскиот Ротердам.
Изборот на градот победник ќе се одржи на 4-ти јули во Лозана.
За првпат Олимписките игри за млади се организираа во Сингапур во 2010 година, а следните треба да се одржат во 2014 година во кинескиот Нанкинг.
Младински олимписки игри им даваат шанса за натпревар на спортистите помеѓу 14 и 18години. Тие се одржуваат по иницијатива на претседателот на Олимпискиот комитет, Жак Рог.