Годинашниот Фестивал на музичките уметници на Македонија „Златна лира 2017“ ќе заврши вечер со доделување награди.
Сопарнистката Марија Муратовска Наумовска ќе ја добие наградата за животно дело, а флејтистот Страшо Темков е награден за врвни уметнички достигнувања.
Фестивалот ќе го затворат виолинистот Момчило Куфојанакис и пијанистката Весна Ангелова-Христов. На програмата на вечерашниот нивни концерт, во Музеј на Град Скопје од 20 часот, се дела од Бах, Корели, Дебиси, Вјењавски.
Оваа година тие заедно имаа целовечерен рецитал и во Македонскиот културен центар во Њујорк.