Видеоинсталацијата со наслов „Црвена земја“ (Red Land) на уметницата Тања Балаќ ќе биде претставена вечерва, во 19 часот, во Националната галерија на Македонија, објект „Мала станица“.
„Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него“, изјави Балаќ.
Данкан Хигинс, уметник и професор по визуелна уметност на универзитети во Велика Британија и Норвешка, во предговорот за каталогот, меѓу другото, истакнува дека делото на Балаќ истражува и нуди серија од мноштво отворени интерпретации, предизвикувајќи длабока тензичност во можностите, гестовите и движењата во оваа визуелна творба.