Бројни забелешки за Нацрт-стратегијата за образование 2018 – 2025 година

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Неконзистентност, технички грешки, но и немање појдовна анализа од која се тргнува во проценка на квалитетот на образованието се само мал дел од забелешките изнесени на денешната јавна расправа во Собранието за Нацрт-стратегијата за образование за периодот од 2018 до 2025 година .

    Како што појаснија нејзините подготвувачи, Стратегијата почнала да се работи во 2016 година од претходната Влада, но иако првично било најавено дека ќе важи од 2020 година, решиле рокот да биде продолжен до 2025 година. Според министерката за образование и наука Рената Дескоска, документот е рамка на активности која треба да донесе образование што создава активни граѓани, опремени со знаење и вештини за модерен свет кои се подготевни да се вклучат на пазарот на трудот .

    „За да создадеме активни граѓани, потребни ни се активни и мотивирани наставници, динамични, отворени и флексибилни училишта. Пасивност, ригидност, казнивост, импровизација се однесувања кои нашиот образовен систем треба да ги напушти“, изјави Дескоска, на отворањето на јавната расправа за Стратегијата.

    За Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), најважно е новите образовни реформи да не доведат до отпуштање на вработени во образованието.

    „Не може да се согласиме со ниедна реформа која би се спровела на грбот на работниците“, рече Неделков.

    На иста линија е и синдикалецот Драге Јовановски, кој без да даде конкретни забелешки за стратегијата, побара враќање на достоинството на наставникот, но и враќање на укинатите права од претходната власт, како тоа наставниците непрчено да го користат летниот и зимски одмор.

    Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, се осврна на најавите за воведување национален систем за постигнување квалитет во образованието, со прашање, дали тоа ќе значи и враќање на нов облик на екстерно тестирање. Даде забелешка и за точката што предвидува ревидирање на учебниците, прашувајќи ја министерката дали ќе ги ревидираат учебниците по историја. На ова, министерката Дескоска појасни дека „ќе се ревидираат  учебници во кои има неконзистентност, погрешни податоци и методологија  несоодветна за учениците“.

    Професорката Маја Стевановиќ укажа на недоследности во нацрт текстот на стратегијата, краткиот рок за носење, но и конфузната употреба на термини, како рокот на стратегијата. Така, во дел од документот пишува дека Стратегијата ќе важи до 2020, а во друг до 2025 година. За неа е проблематично тоа што пред пишувањето на документот не е направена соодветна анализа на состојбата во високото образование, па и е нејасно врз основа на кои факти се утврдени целите и активностите што ќе се спроведуваат.

    „Има несоодветност на приоритетите, па еден од клучните елементи за утврдување на квалитетот на образованието, работењето на наставникот со студентот или тој сооднос на професори и студенти, е оставен да биде реализиран во 2025 година. Според мене, тоа треба да биде приоритет во преземените мерките“, укажува Стевановиќ.

    Даниела Бавчанџи од Британскиот совет побара во стратегијата почесто да се реферира на европските механизми за унапредување на сите нивоа на квалитетот на образование. Појасни дека е потрбно поголемо вклучување на бизнис секторот и работодавачите во образованието, како и посветување посебно внимание на стручното и образованието на возрасни. Со забелешката за употреба на европските искуства се согласи и Сузана Киранџиска од „Чекор по чекор“, која укажа дека во стратегијата мора да се промовира развивање на критичка мисла.

    „На пример, фразата работни групи се споменува 218 пати, додека во целиот документ ниту еднаш не се споменува критичкото мислење, кое е една од основите што мислиме дека треба да ја имаат нашите млади и ученици“, забележуваат од „Чекор по чекор“.

    Од Студентскиот пленум се осврнаа на потребата од нов модел за студентско организирање и подобрување на студентскиот стандард.

    „Најголем приоритет е студентското застаување, односно реформирање на претставничкото тело на студентите, кое , иако во Стратегијата е наведено како приоритет, во акцискиот план нема мерки за реформирање на телото“, појасни Теодора Столевска во име на пленумци,

    Говорејќи за студентскиот стандард пак, спомена дека во стратегијата треба да се обрне посебно внимание на состојбата во  студентските домови. Вели, за студентски пленум, е неприфатливо тоа што Стратегијата предвидува реновирањето на домовите да заврши во дури во 2025 година.

    Димитар Низамовски од Младинскиот образовен форум пак побара активно вклучување на средношколците во процесот на донесување на одлуки, нов модел на студентско организирање, детална анализа на потребите на пазарот на трудот, но и поголема инклузија и интеграција во училиштата.

    „Секоја образовна установа мора да обезбеди соодветни технички услови за физички пристап на лицата со телесна попреченост во развојот. Од круцијална важност е да се направи ревизија на содржината на учебните помагала и нивно подобрување и унапредување. Ова особено се однесува на подобрување на достапноста и квалитетот на учебните помагала за лицата со посебни образовни потреби. Остручувањето и вработувањто на соодветен и компетентен кадар за работа со лицата со со посебни образовни потреби исто така мора да се смета за приоритет“, истакна Низамовски.

    Во текот на јавната расправа која се оддолжи на неколку часа, присутните укажаа и на потребата од унапредување на воспитната компонента на училиштата и употребата на педагошките мерки. Посебен акцент беше ставен на осовременување на училниците и намалување на бројот на ученици во одделение, како и на употребата на асистивната технологија. Дел од присутните побараа отстранување на дисктиминаторските содржини и родовите стереотипи од учебниците, како и вистинско вклучување на сиромашните деца во наставата. Како прашање беше поставено и дефинирањето на улогата на образовните институции како Бирото за развој на образование, Државниот испитен центар, Центарот за стручно образование.

    Стратегијата е објавена на веб страницата на Министерството, а како што соопштија од МОН досега биле пристигнати триесетина забелешки.

    Ј.Ј.

    *Текстот е напишан во склоп на проектот „На час“, чии активности се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.

  • Vërejtje të shumta në lidhje me Draft – strategjinë për arsim 2018 – 2025

    10/11/2017 – LAJME, ARSIM

    Jo konsistencë, gabime teknike, por edhe mos pasja e analizës fillestare, nga e cila nxirret drejtimi për vlerësimin e cilësisë së arsimit janë vetëm një pjesë e vogël e vërejtjeve të shprehura gjatë debatit të sotshëm publik në Kuvend, në lidhje me Draft- Strategjinë për arsim për periudhën nga viti 2018 deri në vitin 2025.

    Siç sqaruan përpiluesit e tij, Strategjia ka filluar të punohet gjatë vitit 2016 nga Qeveria e kaluar, por edhe pse fillimisht është paralajmëruar se do të vlejë deri në vitin 2020, kanë vendosur afati të vazhdohet deri në vitin 2025.  Sipas ministres për Arsim dhe Shkencë Renata Deskoska, dokumenti paraqet kornizë të aktiviteteve e cila duhet të rezultojë me atë që arsimi do të krijojë qytetarë aktiv, të pajisur me dije dhe shkathtësi për botën moderne, të cilët janë të përgatitur të kyçen në tregun e punës.

    “Në mënyrë që të krijojmë qytetarë aktiv, na nevojiten mësimdhënës aktiv dhe të motivuar, shkolla dinamike, të hapura dhe fleksibile.  Pasiviteti, gjendja rigjide, dënimi, improvizimi janë sjellje të cilat sistemi jonë arsimor duhet ti largojë”, deklaroi Deskoska, gjatë hapjes së debatit publik në lidhje me Strategjinë.

    Për Jakim  Nedellkov, kryetar i Sindikatës për Arsim, Shkencë dhe Kulturë (SASHK), më me rëndësi është reofmra e reja arsimore të mos rezultojnë me largimin nga puna të punëtorëve në arsim.

    “Nuk mund të pajtohemi me asnjë reformë e cila do të zbatohej mbi kurriz të punëtorëve”, tha Nedellkov.

    Në linjë të njëjtë është edhe Drage Jovanovski nga sindikata, i cili pa dhënë vërejtje konkrete pr Strategjinë, kërkoi kthimin e dinjitetit të mësimdhënësve, por edhe kthimin e të drejtave të anuluara nga qeveria e kaluar, siç janë mësimdhënësit në mënyrë të pa penguar të shfrytëzojnë pushimin veror dhe dimëror.

    Deputetja e VMRO – DPMNE- së, Bllagica Llaskovska, foli për paralajmërimet në lidhje me vendosjen e sistemit nacional për rritjen e cilësisë në arsim, me pyetje, nëse kjo do të thotë edhe kthimin e formës së re të testimit ekstern.  Vërejtje dha edhe për pikën që parashikon rishikimin e teksteve shkollore, duke e pyetur ministren nëse do të rishikohen tekstet shkollore të historisë.  Në lidhje me këtë ministrja Deskoska sqaroi se “do të rishikohen tekstet shkollore në të cilat ka jo konsistencë, të dhëna të gabuara dhe metodologji jo përkatëse për nxënësit”.

    Profesoresha Maja Stefanoviq sugjeroi disa mangësi në draft tekstin e strategjisë, afatin e shkurtë të miratimit, por edhe përdorimin konfuz të nocionit, si afati i strategjisë.  Kështu në një pjesë të dokumentit shkruan se Strategjia do të vlejë deri në vitin 2020, ndërsa në pjesë tjetër se do të vlejë deri në vitin 2025. Për atë, problem paraqet se para përpilimit të dokumentit nuk është bërë analizë përkatëse e gjendjes në arsimin e lartë, prandaj nuk e ka të qartë në bazë të cilave fakte janë përcaktuar qëllimet dhe aktivitetet që do të zbatohen.

    “Ekzistojnë papërshtatshmëritë e prioriteteve, kështu që një nga elementët kryesorë për përcaktimin e cilësisë së arsimit, puna e arsimtarit me nxënësin ose raporti i profesorëve dhe studentëve, mbetet për t’u realizuar në vitin 2025. Sipas mendimit tim, kjo duhet të jetë një përparësi në masat e ndërmarra “, thekson Stevanoviq.

     

    Daniela Bavçançi nga Këshilli Britanik kërkoi që në strategjinë më shpesh t’u referohet mekanizmave evropianë për avancimin e të gjitha niveleve të cilësisë së arsimit. Sqaroi se ka nevojë për përfshirje më të madhe të sektorit të biznesit dhe punëdhënësve në arsim, si dhe përkushtim vëmendjeje të veçantë arsimit profesional dhe ai i të rriturve. Me vërejtjen rreth përdorimit të përvojave evropiane u pajtua dhe Suzana Kiranxhiska, Hap pas Hapi, gjë që sugjeron se strategjia duhet të nxisë zhvillimin e mendimit kritik.

    “Për shembull, fraza grupet e punës përmendet 218 herë, ndërkohë në të gjithë dokumentin as njëherë nuk përmendet mendimi kritik, që është një nga bazat që ne mendojmë se duhet ta kenë të rinjtë tanë dhe studentët”, thonë ata nga “Hap pas hapi.

    Nga Plenumi i studentëve ju adresuan nevojës për model të ri për organizimin e studentëve dhe përmirësimin e standardit të studentëve.

    Prioriteti më i lartë është përfaqësim i studentëve, përkatësisht reformimi i trupit përfaqësues të studentëve, i cili, megjithëse në Strategjinë është theksuar si prioritet, nuk ka masa për reformimin e trupit në planin e veprimit”, shpjegoi Teodora Stolevska në emër të plenumasve.

    Duke folur për standardin e studentëve, përmendi se në strategjinë duhet t’i kushtohet vëmendje e veçantë situatës në konviktet studentore. Për Plenumin e studentëve thotë, është e papranueshme që Strategjia parashikon rinovimi i konvikteve të përfundohet  madje deri në vitin 2025.

    Dimitar Nizamovski nga Forumi Arsimor Rinor kërkoi përfshirjen aktive të nxënësve të shkollave të mesme në procesin e vendimmarrjes, një model të ri të organizimit të studentëve, analizë të detajuar të nevojave të tregut të punës, si dhe përfshirje dhe integrim më të madh në shkollat.

    “Çdo institucion arsimor duhet të ofrojë kushte të përshtatshme teknike për qasjen fizike të personave me aftësi të kufizuara fizike në zhvillim. Është me rëndësi vendimtare të bëhet një rishikim i përmbajtjes së mjeteve ndihmëse mësimore, përmirësimi dhe avancimi i tyre. Kjo në veçanti i referohet përmirësimit të disponimit dhe cilësisë së mjeteve ndihmëse mësimore për njerëzit me nevoja të veçanta arsimore. Profesionalizimi dhe punësimi i kuadrit të duhur kompetent për të punuar me njerëzit me nevoja të veçanta arsimore duhet gjithashtu të konsiderohet si prioritet, “theksoi Nizamovski.

    Gjatë debatit publik, i cili u shty për disa orë, pjesëmarrësit theksuan nevojën për ta avancuar komponentin arsimor të shkollave dhe përdorimin e masave pedagogjike. Një theks i veçantë u vu në modernizimin e klasave dhe zvogëlimin e numrit të nxënësve nëpër klasa, si dhe përdorimin e teknologjisë ndihmëse. Disa nga pjesëmarrësit kërkuan largimin e përmbajtjeve diskriminuese dhe stereotipeve gjinore nga tekstet shkollore, si dhe përfshirjen reale të fëmijëve të varfër në klasë. U parashtrua si pyetje edhe përkufizimi i rolit të institucioneve arsimore si Byroja për Zhvillimin e Arsimit, Qendra e Provimit Shtetëror, Qendra për Arsimin Profesional.

    Strategjia është publikuar në Ueb faqen e  Ministrisë dhe siç njoftuan nga MASH, deri tani janë pranuar rreth tridhjetë vërejtje.

     

    Ј.Ј.

     

    * Teksti është shkruar në përbërje të projektit “Në orë”, aktivitetet e të cilit financohen dhe realizohen në partneritet me Fondacionin Shoqëri e Hapur – Maqedoni.