Петнаесетгодишниот пијанист Арда Мустафаоглу освои трето место во неговата категорија на 3. Интернационален пијано натпревар „Triomphe de l’Art“, кој од 6-ти до 11 ноември се одржа на Кралскиот конзерваториум во Брисел.
На натпреварот учествуваа 40 пијанисти од 15 држави од светот, а Мустафаоглу беше единствен натпреварувач од Македонија.
Арда Мустафаоглу е меѓу најталентираните македонски млади пијанисти. Оваа година тој учествуваше и освои први места на пијано натпревари во Србија, Италија Бугарија и Турција.