[Галерија] Иницијативата „Не си од Скопје ако…“ дотеруваше игралиште во Чаир

Изминатиот викенд активистите од граѓанската иницијатива „Не си од Скопје ако…“( S’je i Shkupit nëse… ) поддржана од преку 200 граѓани, поставија нов кош, ги пополнија дупките на теренот, нацртаа нови линии и го ичистија просторот околу спортското игралиште.

Организирани на социјалните мрежи, граѓани од различни возрасти се собраа на паркот кој се наоѓа на улицата Крсте Асенов во Чаир. За време на акцијата, соопштија од иницијативата, беше поканет и локален диџеј, кој ги забавуваше граѓаните додека работеа за доброто на својата заедница.

Оваа иницијатива е реализирана од „Не си од Скопје ако…“(S’je i Shkupit nëse…), а е поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија. Иницијативата ја поддржи и Општина Чаир со поставување рефлектори на игралиштето и нудејќи континуирана логистичка поддршка за успешна реализација на акцијата.