Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Aвтономијата на универзитетите во изминативе години значеше штит против одлуките на Владата, но за таа да се врати, потребно е да ја има и внатре меѓу членовите на академската заедница. Ова е еден од заклучоците од синоќешната дискусија за новиот Закон за образование што се одржа во социјалниот центар „Дуња“.
„Ние го стававме акцентот како да се заштитиме од тоа која било власт да се меша во нашата работа, во нашето управување, која си зема за право таа да ги назначува и дефинира критериумите за работа. Од тоа како да ја организираме наставаата, до тоа како да ги форматираме и организираме студиските програми, до критериумите за избор на наставници, па дури и до оној смешен член за реализација на испити на студенти“, забележува Маја Стевановиќ, редовен професор на Факултетот за драмска уметност и сенаторка во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Но, сега е време да обрнеме внимание на следниот факт – автономијата подразбира автономија и одвнатре, во рамки на Универзитетот. Толку беше загрозена однадвор, што автономијата одвнатре почна да ја снемува, или престана веќе да ја има“, продолжи таа.
Стевановиќ нагласи дека целата моќ досега била ставена во рацете на две фигури, што довело до замолчени професори и декани.
На ова се надоврза нејзината колешка, Мира Беќар, доцент на Филолошки факултет „Блаже Конески”, која истакна дека во Македонија на хартија сè е независно, се е самостојно, но во пракса е зависно од надворешни фактори.
Таа се осврна на Агенцијата за квалитет на високото образование, нагласувајќи дека составот не гарантира автономија, бидејќи седум членови, професори, се избираат токму од Владата.
„Иако во предлогот на ректорот се вели дека тие нема да бидат избрани за ректори, продекани и директори на високи образовни дејности, во тој предлог стои ново тело, а тоа е Националниот совет. Од еднаш, имате 12 нови членови, иако ова тело досега не постоело. Навистина загрижува, сметаме дека тука е големата централизација на моќ, бидејќи тој совет учествува во многу одлуки за акредитација на високо образовни институции“, образложи Меќар.
Пред две години на УКИМ, по студентските окупации, се формираше работна група во која членуваа претставници од Професорски и Студентски пленум, како и од Ректоратот. Тие влегоа во преговори со поранешната Влада за изготвување на нов Закон за високо образование. По неколку состаноци, работната група го усогласува Законот, а официјалниот документ се појави и во универзитетскиот гласник во мај 2015 година. Тој концепт беше испратен и до Владата, од која се очекуваше забелешки. Но, неколку месеци чекање, нивниот одговор се состоел од пречкртани речени, без никаква аргументација. По 5 мај, членовите на работната група се откажуваат од преговорите со Владата.
Што нуди професорскиот нацрт-Закон за високо образование?
Решенија има секакви, но тие мора да бидат прилагодени на контекстот, смета Стевановиќ. Таа накратко го претстави предлогот на Професорскиот пленум за текстот на Законот за високо образование, за што рече таа, морале претходно да ги исчитаат сите европски закони. При неговото изготвување, се користеле со информации од две студии на Светска банка.
„Траеше долго, процесот беше неизвесен. Се разбира дека на динамиката на процесот имаа влијание нашите секојдневни обврски, случувањата во нашето општество. Но, точно на 22 јули 2017 година, работната група на Професорскиот пленум излезе со првичниот предлог за нов текст на Законот за високо образование. Тој беше пратен на мрежата на Професорски пленум, за да се отпочне интерната дебата. Таа траеше до почетокот на октомври, колегите имаа доволно време да го прочитаат текстот, да размислат, да ги достават своите забелешки во писмена форма. По два генерални пленуми, овој текст официјално е предлог за нов Закон за високо образование“, рече Стевановиќ.
„Но, на Професорксиот пленум, а не на работната група при УКИМ“, појасни таа.
Двата предлози сега се доставени до Министерството за образование и наука, кое понатаму треба да ја продолжи процедурата.
„Се надеваме дека направивме модел на финансирање кој за првпат во оваа држава ќе овозможи чиста сметка, а таа е основа за понатамошна чесна работа што може да обезбеди квалитет на студирањето“, смета Стевановиќ за нивниот предлог.
Од Професорски пленум бараат да постои функцијата – претседател на Сенат, со цел ова тело да си ја врати улогата на управен орган, а не само стручната.
„Намерата е финансиските средства на високо образовните установи да бидат ослободени од апсолутна контрола на државата преку трезерски систем на работење, или со други зборови, ние слободно да раководиме со нашите средства и да управуваме“, објасни Стевановиќ.
Не можеме да зборуваме за еманципација ако немаме финансиска слобода, или средства.
Како друг аспект од Законот, Беќар го истакна проблемот со изборот во звање.
„Ние имаме многу дискусии, меѓу нас не се согласуваме дали треба да бидат во Законот одредени барем минимум критериуми за изборот во звање, или треба да дише слобода. А потоа, со посебни правилници и статути да ги одредиме тие критериуми“, рече Беќар.
Сепак, според неа, Законот не треба да има преголема регулација.
„Идејата ни беше дека фелата е таа што треба да одлучи кое издание, или која публикација вреди. Не пратеник, не владата да наметнува. Можеби делувам утопистички, или ние не комуницираме меѓусебе, се гледаме како ривали, но јас имам верба дека ние може да седнеме и да се договориме. Мора и меѓусебе да се контролираме“, заклучи таа.
За студентското организирање зборуваше Стефан Дојчиновски како претставник на Студентскиот пленум.
„Ние тргнавме од премисата дека академската заедница е составена од професори и студенти. Ситуацијата која тогаш постоеше, и сега е актуелна, е дека студентското претставничко тело претставува невладина организација која е исклучена од академската заедница, која по потреба, според Законот практикува одредени надлежности. Тогашното раководство на Универзитетот го бранеше, велеше дека со тоа ни гарантираат поголема автономија, но мислам дека тоа беше замка за студентите. Не можеа да се најдат, тие се во академската заедница, а се претставени од луѓе надвор од него“, рече Дојчиновски.
Поради тоа, за Пленумот е од клучно значење е да се промени делот со студентското организирање. Според нив, претставничкото тело на студентите треба да биде во рамки на Универзитетот, бидејќи тоа понатаму ќе решава при избори, начин на финансирање и остварување на правото на студентите при управување со Универзитетот и факултетите.
„Ние предвидуваме студентско Собрание, преку кое студентите ќе учествуваат во управувањето на Универзитетот, како и Собрание на факултетите кои ќе бидат претставнички тела на студентите на ниво на факултет. Тоа значи дека се отвора прашањето за легитимноста и легалноста на студентските претставници“, објасни Дојчиновски.
Потоа, Пленумот во својот предлог предвидува скратен мандат на студентските претставници кој ќе изнесува една година, бидејќи како што рече Дојчиновски, оваа функција не треба да се професионализира.
„Ние претпоставуваме дека е подобро секој факултет да ги делегира интерно парите што ќе ги прибира од своите студенти на својата студентска организација, па тие со солидарен фонд да делегираат студентско Собрание. Предлагаме делегатски модел, за да не се бавиме со избори на претстедатели, туку студентските претставнички тела да делегираат свои студентски претставници“, надополни Дојчиновски.
Сепак, за Пленумот е исто така важно половина од средствата за студентите да се распределат на неформални студентски иницијативи или студентски организации коишто ќе бидат впишани во регистарот на Универзитетот. За Дојчиновски, токму овде се наоѓа еманципаторскиот момент за студентите.
За време на дискусијата, на која преовладуваа професори отколку студенти, имаше разни коментари, меѓу кои и на универзитетската професорка Солза Грчева. Таа истакна дека и двата предлози за Законот не нудат конкретни решенија за реални проблеми.
„Претходно имавме не само грубо рушење на автономијата, туку и директно на академската слобода на секој наставник. Сега ми се чини дека малку се отишло во друг смер, сакајќи сите ние да ја освоиме таа автономија, која патем ја изгубивме или своеволно ја напуштивме, влегуваме во едно подрачје каде што навистина се оставени многу работи недефинирани, што мислам дека не смее да се случи со еден добар Закон“.
Според неа, предлозите немаат водилка за тоа кон што и како ќе се одвива процесот.
„Ние само се спасуваме од страшно лошите закони што ги донесе претходната влада и ги пегламе работите и ги бришеме со гума. Но, овие предлози и едниот и другиот… нема да ги тангира нашите проблеми. Јас очекував од студентите дека после толку време ќе извадат еден модел за надминување на оној страшен дел со студентскиот стандард. Што со него?“, забележа таа.
„Каде имаме ние анализа за нашето образование, за да можеме да седнеме да пишуваме закон. Каде е анализата, кои се црните дупки во кои пропаѓаме, во сивите зони. Дали имаме професори забушанти, дали имаме криминал, дали имаме премногу професори кои не смеат да се нарекуваат професори. Кој е критериумот за студентите? Дали имаме многу, или малку? Дали имаме премногу универзитети, дали имаме премногу измислени студентски програми?“, ги праша Грчева студентите и професорите.
Емилија Петреска
*Текстот е напишан во склоп на проектот „На час“, чии активности се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.
-
Ligji ri për arsim të lartë – autonomi ose fuqi e centralizuar
14/11/2017 – LAJME, ARSIM
Autonomia e universiteteve gjatë viteve të kaluara do të thoshte mbrojte kundër vendimeve të Qeverisë, por në mënyrë që ajo të kthehet, nevojitet ta kemi edhe brenda në mesin e komunitetit akademik. Ky është një nga konkluzat e diskutimit të djeshëm në lidhje me Ligjin e ri për arsim, që u mbajt në qendrën sociale “Dunja”.
“Ne, theksin e vendosim mbi atë se si të mbrohemi nga ajo që cila do qeveri të përzihet në punën tonë, në menaxhimin tonë, e cila merr për të drejtë ajo të emërojë dhe të përkufizojë kriteret e punës. Nga ajo se si ta organizojmë mësimin, dhe deri te ajo se si ti formojmë dhe organizojmë programet studimore, deri te kriteret për zgjedhjen e mësimdhënësve, madje deri te ai nen qesharak për realizimin e provimeve të studentëve”, thekson Maja Stevanoviq, profesoreshë e rregullt në Fakultetin për Arte Dramaturgjike dhe senatore në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodij”.
“Por, tani është koha ti kushtojmë vëmendje faktit në vijim – autonomia nënkupton autonomi edhe nga brenda në kuadër të Universitetit. Aq ishte rrezikuar nga jashtë, saqë autonomia nga brenda filloj të zhduket, ose nuk ekzistonte më”, vazhdoi ajo.
Stevanoviq, theksoi se e gjithë fuqia deri tani është vendosur në duart e dy figurave, që ka rezultuar me profesorë dhe dekan të heshtur.
Me këtë u ndërlidh edhe kolegia e saj, Mira Beqar, docent në Fakultetin Filologjik “Bllazhe Koneski”, e cila theksoi se në Maqedoni në letër gjithçka është e pavarur, gjithçka është e mëvetësishme, por në praktikë varet nga faktorë të jashtëm.
Ajo foli për Agjencinë për Cilësinë në Arsimin e Lartë, duke theksuar se përbërja nuk garanton autonomi, sepse shtatë anëtarë, profesorë, janë zgjedhur pikërisht nga Qeveria.
“Edhe pse në propozimin e rektorit, thuhet se ata nuk do të zgjidhen për rektorë, prodekanë dhe drejtorë të veprimtarive të larta arsimore, në atë propozim qëndron trup i ri, ndërsa ky është Këshilli Nacional. Përnjëherë, keni 12 anëtarë të rinj, edhe pse ky trup deri tani nuk ka ekzistuar. Me të vërtetë shqetëson, konsiderojmë se këtu është fuqia e madhe e centralizuar, sepse ai këshill merr pjesë në shumë vendime për akreditimin e institucioneve të larta arsimore”, sqaroi Beqar.
Para dy vjet në UKM, pas okupimit studentor, u formua grup pune në të cilën anëtarë ishin përfaqësues të Plenumit të profesorëve dhe studentëve, si dhe nga Rektorati. Ata hynë në negociata me ish Qeverinë për përpilimin e Ligjit të ri për arsim të lartë. Pas disa takimeve, grupi i punës e harmonizon Ligjin, ndërsa dokumenti zyrtar u paraqit edhe në gazetën e universitetit në maj të vitit 2015. Ai koncept u dërgua në Qeveri, nga e cila priteshin vërejtje. Por, pas disa muaj pritje, përgjigja e tyre konsistonte në fjali të shkarravitura, pa asnjë argumentim. Pas 5 majit, anëtarët e grupit të punës hoqën dorë nga negociatat me Qeverinë.
Çfarë ofron draft ligji për arsim të lartë i profesorëve?
Zgjidhje ka nga më të ndryshmet, por ato duhet të jenë të përshtatura me kontekstin, konsideron Stevanoviq. Ajo shkurt e prezantoi propozimin e Plenumit të profesorëve për tekstin e Ligjit për arsim të lartë, për çka tha ajo, është dashur paraprakisht ti lexojnë të gjitha ligjet evropiane. Gjatë përpilimit të tij, kanë përdorur informata të dy studimeve të Bankës Botërore.
“Zgjati shume, procesi nuk ishte i sigurt. Kuptohet mbi dinamikën e procesit kishin ndikim obligimet tona të përditshme, ngjarjet në shoqërinë tonë. Por, saktë më 22 korrik 2017, grupi i punës i Plenumit të profesorëve doli me propozimin e parë për tekst të ri të Ligjit për arsim të lartë. Ai iu dërgua rrjetit të Plenumit të profesorëve, që të fillohet debati intern. Ai zgjati deri në fillim të tetorit, kolegët kishin kohë të mjaftueshme të lexojnë tekstin, të mendojnë, ti paraqesin vërejtjet e tyre në formë të shkruar. Pas dy plenumeve të përgjithshme, ky tekst zyrtarisht është propozimi për Ligj të ri për arsim të lartë”, tha Stevanoviq.
“Por, i Plenumin të profesorëve dhe jo i grupit punues pranë UKM”, sqaroi ajo.
Të dy propozimet tani i janë dorëzuar Ministrisë për Arsim dhe Shkencë, e cila më tutje duhet të vazhdojë procedurën.
“Shpresojmë se kemi përpiluar model të financimit i cili për herë të parë në këtë vend do të mundësojë llogari të pastër, ndërsa kjo është bazë për punë të pastër më tutje që mund të sigurojë cilësi gjatë studimeve”, konsideron Stevanoviq për propozimin e tyre.
Nga Plenumi i profesorëve kërkojnë të ekzistojë funksioni – kryetar i Senatit, me qëllim ky trup ta kthejë rolin e organit drejtues, dhe jo vetëm rolin profesional.
“Qëllimi është që burimet financiare të institucioneve të arsimit të lartë të jenë të lira nga kontrolli absolut i shtetit përmes punë së sistemit të thesarit, ose me fjalë të tjera, ne lirisht mund të menaxhojmë fondet tona dhe të udhëheqim,” shpjegoi Stevanoviq.
Nuk mund të flasim për emancipim nëse nuk kemi liri financiare apo fonde.
Si aspekt tjetër të Ligjit, Beqar theksoi problemin me zgjedhjet në tituj.
“Ne kemi shumë diskutime, mes nesh nuk pajtohemi nëse në Ligji duhet të ketë të paktën një minimum kriteresh për zgjedhjen e titullit, ose duhet të ketë frymë të lirë. Pastaj, me rregullore dhe statute të veçanta, ne mund t’i përcaktojmë ato kritere, “tha Beqar.
Megjithatë, sipas saj, ligji nuk duhet të ketë shumë rregullore.
“Ideja jonë ishte se felloushipi është ai që duhet të vendosë se cili botim, ose cili publikim është me vlerë. Jo të imponojë deputeti apo Qeveria. Ndoshta veproj si utopist, ose ne nuk komunikojmë mes vete, shohim njëri tjetrin si rivalë, por besoj se mund të ulemi dhe të merremi vesh. Ne duhet të kontrollohemi edhe mes vete, “përfundoi ajo.
Për organizimin e studentëve foli Stefan Dojcinovski si përfaqësues i Plenumit të Studentëve.
“Ne nisemi nga premisa se bashkësia akademike përbëhet nga profesorë dhe studentë. Situata që ekzistonte më parë, është aktuale edhe tani, është se Trupi Përfaqësues i Studentëve paraqet organizatë joqeveritare të shkyçur nga komuniteti akademik, i cili, sipas Ligjit, ushtron kompetenca të caktuara. Udhëheqjen e atëhershme të Universitetit e mbronte, duke thënë se me këtë do të na garantohej një autonomi më të madhe, por unë mendoj se kjo ishte një kurth për studentët. Nuk mundën të takohen, ata janë në komunitetin akademik dhe përfaqësohen nga njerëz jashtë tij, “tha Dojçinovski.
Prandaj, për Plenumin është thelbësore ta ndryshohet pjesa me organizimin studentor. Sipas tyre, trupi përfaqësues i studentëve duhet të jetë brenda kuadrove të Universitetit, pasi kjo do të vendosë edhe më tej gjatë zgjedhjeve, mënyrën e financimit dhe ushtrimin e të drejtës së studentëve për të menaxhuar Universitetin dhe fakultetet.
“Ne parashikojmë asamble studentore përmes së cilës studentët do të marrin pjesë në menaxhimin e Universitetit, si dhe një Parlament të fakulteteve që do të jenë trupat përfaqësues të studentëve në nivelin e fakultetit. Kjo do të thotë se po hapet çështja për legjitimitetin dhe ligjshmërinë e përfaqësuesve të studentëve, “shpjegoi Dojçinovski.
Pastaj, plenumi në propozimin e tij përcakton një mandat të shkurtuar për përfaqësuesit e studentëve, që do të zgjatë një vit, sepse, siç tha Dojçinovski, ky funksion nuk duhet të profesionalizohet.
“Ne supozojmë se është më mirë që secili fakultet t’i delegojë paratë në mënyrë të brendshme që do t’i mbledhë nga studentët e saj në organizatën studentore, në mënyrë që ata me një fond të solidarizuar të delegojnë një Parlament të studentëve. Propozojmë një model të delegatëve, në mënyrë që të mos merremi me zgjedhjet e kryetarëve, por trupat përfaqësuese të studentëve të delegojnë përfaqësuesit e tyre studentorë “, shtoi Dojçinovski.
Megjithatë, gjithashtu është e rëndësishme për Plenumin të ndahet gjysma e fondeve për studentët në iniciativat studentore joformale ose organizatat studentore që do të regjistrohen në regjistrin Universitar. Për Dojçinovski, pikërisht këtu gjendet momenti emancipues për studentët.
Gjatë diskutimit, tek e cila dominuan profesorët dhe jo studentët, pati komente të ndryshme, duke përfshirë edhe profesorin e universitetit Sollza Grçeva. Ajo theksoi se që të dy propozimet për Ligjin nuk ofrojnë zgjidhje konkrete për problemet reale.
“Më parë, jo vetëm që kishim shkatërrim të rëndë të autonomisë, por edhe në mënyrë direket lirinë akademike të çdo arsimtari. Tani më duket se pak është shkuar në një drejtim tjetër, në mënyrë që të gjithë ta fitojmë atë autonomi, të cilën e humbëm ose e braktisëm me dëshirë, hyjmë në një zonë ku shumë gjëra kanë mbetur të papërcaktuara, që mendoj se nuk duhet të ndodhi me një Ligj të mirë “.
Sipas saj, propozimet nuk kanë një udhëzues se në çfarë drejtim dhe si do të zhvillohet procesi.
“Ne po shpëtojmë vetëm nga ligjet tmerrësisht të këqija që i miratoi qeveria e mëparshme, i hekurosim gjërat dhe i fshijmë ato me gomë. Por këto propozime, si njëri ashtu dhe tjetri, nuk do të ndikojnë në problemet tona. Unë prisja prej studentëve që pas kaq shumë kohe do të nxjerrin një model për ta kapërcyer atë pjesë të tmerrshme me standardin e studentëve. Po për atë? “, u shpreh ajo.
“Ku kemi ne analiza të arsimimit tonë, që ne të mund të ulemi të shkruajmë një ligj. Ku është analiza, cilat janë vrimat e zeza te të cilat biem, në zonat gri. Vallë kemi profesorë dembelë, vallë kemi krim, vallë kemi tepër profesorë të cilët nuk mund të quhen profesorë. Cili është kriteri për studentët? A kemi shumë apo pakës? A kemi shumë universitete, a kemi shumë programe studentësh të trilluara? ” I pyeti Grçeva studentët dhe profesorët.
Emilija Petreska
* Teksti është shkruar në përbërje të projektit “Në orë”, aktivitetet e të cilit financohen dhe realizohen në partneritet me Fondacionin Shoqëri e Hapur – Maqedoni.