Бесплатно преземање на новиот албум на „Бернајс пропаганда“

Скопскиот состав „Бернајс пропаганда“ го понуди својот последен албум „Забранета планета“ за бесплатно преземање. Албумот станува достапен за фановите 11 дена пред неговата официјална промоција, закажана за 26 февруари за издавачките куќи Направи заедно, Moonlee Records и Pruegelprinz Records. Новото издание содржи 9 композиции, кои според бендот се „ девет нови приказни и девет нови манифести кои повикуваат на радикални промени“.

 

Бернајс пропаганда“ е еден од најуспешните македонски алтернативни бендови, а нивниот енергичен њу-вејв/пост-панк звук е прифатен не само во земјава и регионов, туку и пошироко. Нивното најново издание „Забранета планета“ може да се преземе на профилот на бендот на сајтот Bandcamp.