Започна целодневен филмски маратон (Синемаратон) во Џебното кино на Младинскиот културен центар. Маратонот почна вчера со каубојскиот „Рио Браво“ (1959). Проекциите ќе бидат од 9 наутро до 3 часот по полноќ или 240 часа филм.
Ќе бидат прикажувани по седум филма дневно, а секој од десетте дена е посветен на одреден жанр или тематска целина: вестерни, драми романси, крими-трилери, фантастика, еротика, контроверзни, арт, акција, хорори и комедии.