Утре (7 декември) во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт на кој учествуваат ученици од Државните музички училишта во Македонија.
Концертот носи наслов „Младите доаѓаат“, а зад диригентскиот пулт ќе застане маестро Фи Фи Ле.
На програмата се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс.
Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: СањаДимова- солопеење(III средно),НаомиГеоргиевска – виолина (II средно),АлександарВитанов – труба(IIсредно),ИринаПавлова- виолина (IIIсредно),АнелСелим – кларинет(IV средно),ДаркоГроздановски- виолина(IV средно),АрдаМустафаоглу – пијано (Iсредно) иИвонаБазгалоска-пијано (IV средно), сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.