Славевме успеси на млади таленти, потсетувавме на горливите проблеми во македонското општество, раскажувавме приказни кои другите ги заборавиле, ве забавувавме со добра музика и дававме простор на позитивни примери. 2018 година е на прагот, но ние од Радио МОФ имавме потреба да се потсетиме на оваа што изминува, со цел да им се заблагодариме на сите личности кои се појавија пред нашата камера и беа доволно храбри да зборуваат на теми за кои ретко се зборува.
Во продолжение, погледнете ги топ 10-те видеа што ги одвоивме за вас.
1. Пет години „Критична маса“ – пет години дружба и борба за подобар вело-град
2. Со старо пијанино до светските концертни сцени
3. Прв веб концерт на Радио МОФ – Engage Kicks and Gigs со Conquering Lion
4. Една година од скандалозните студентски избори на УКИМ
5. Дионис Пашлаков – неготинецот што спасува автомобили од отпад и ги претвора во културно наследство
6. „Скопје 2014“: Проектот кој рушеше град, културно наследство и демократија
7. ЛГБТ лицата во Чеченија во 21-ви век мачени и убивани во „геј логори“
8. Дејан Анѓелески, 15-годишник со ХАЕ: Кога си редок ги наоѓаш ретките сродни души
9. #НаЧас: Интеграција преку вредности, а не преку проценти и бројки
10. Roma Rock School – новиот звук на рок музиката