Во петок, 22 декември, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ќе се одржи фестивалот „Востание III“ кога групата „Новиот почеток“ ќе одбележи 15 години од своето формирање. На концертот ќе настапат со најдоброто од нивната музика, а најавуваат и специјални гости.
На фестивалот кој е во организација на „Diehard Booking/Records“ ќе настапат и Hardfaced, Odd Crew од Бугарија, Trendkill и Drioma.
Влезниците во претпродажба на билетарата на МКЦ чинат 300 денари, или 400 на врата. Фестивалот почнува во 20:30 часот.