#НеСеДише: Скопје, Тетово, Велес и Битола во црвена зона

Загадувањето на воздухот во Скопје, Тетово, Велес и Битола е неколкупати повисоко од дозволеното, покажуваат резултатите на мерните станици на Министерството за животна средина.

Според податоците во 1о часот, концентрации околу 200 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички покажаа мерните станици во Центар, Ректорат и Лисиче. Надвор од Скопје, високо ниво на загадување, со ПМ1о над 300 е измерено во Велес. Големо загадување од околу 200 микрограми на метар кубен ПМ 10,  бележат и мерните станици во Тетово и Битола.

Синоќа жителите на повеќе скопски населби реагираа на социјалните мрежи жалејќи се на смрдеа во воздухот и отежнато дишење. На мерната станица во Лисиче, околу 21 часот беа измерени 578 микрограми на метар кубен ПМ 10, во Карпош 313, во Гази Баба во 1 часот по полноќ мерачите покажаа загадување со ПМ10 од 358, Тетово 517, Битола 366.