[Фото] Холандски студенти се движеа со инвалидски колички за да видат колку е пристапен градот

Студенти од Универзитетот во Гронинген, Холандија имаа интерактивно предавања преку кое требаа да дознаат колку градот е пристапен за лицата со физичка попреченост.

За време на нивното предавање насловено „Вовед во општествена географија“, тие ја обработуваа инклузивноста во градот.

Студентите требаа да се движат со помош на инвалидски колички за да проверат колку е лесно, или пак е тешко да се движат низ градскиот центар, во супермаркетите, продавниците, кафулињата, институциите.

Тие согледале проблеми со високите тротоари, претесните влезови или со вратите кои се претешки за отворање. Исто така, забележали автомобили и велосипеди паркирани на тротоари, како и автомобили кои не стопираат на пешачки премин.

„Ние ја завршивме сесијата со дискусија за тоа како таквото искуствено учење за една социјална група може да влијае врз планирањето, спроведувањето и споделувањето на истражувањата на ефективни начини, односно со цел подобрување на градот”, вели нивната професорка Бетина ван Ховен.