Националнот младински совет на Македонија ги повикува младите да се пријават за учество на YO! Fest 2018 во Стразбур.
Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 јуни 2018 година, на кој се очекува активно да учествуваат повеќе од 8000 млади од цела Европа.
НМСМ е официјален партнер на овогодинешното издание на фестивалот каде ќе спроведува активност и затоа ги повикува сите млади на возраст од 18 до 30 години да им се придружат во Стразбур.
Целта е да се зголеми интересот на младите да бидат ангажирани на локално ниво, презентирајќи ги позитивните иницијативи на младите луѓе во Македонија со што ќе им обезбедат практично искуство и вештини за успешно спроведување кампањи на локално ниво.
Темата на активностите е младинскиот граѓански ангажман на локално ниво, ќе вклучува презентација на успешни иницијативи, дисеминација на прирачник за добри практики за ангажирање на млади луѓе и дискусија на тема „грас рут“ ангажирање на младите во Европа.
Што треба да направиш?
1. Треба да идентификуваш проблем во твоја непосредна близина;
2. Да споделиш јавно креативно решение на проблемот;
(Можеш да фотографираш, црташ, сликаш, снимаш, монтираш или да му напишеш стих на проблемот.)
3. Твоето решение сподели го на Фејсбук или Инстаграм користејќи го хаштагот #mladimk и обележувајќи го профилот на Национален младински совет на Македонија
4. Да го пополниш овој формулар.
Рокот за аплицирање е до 10 јануари 2018. Врз основа на креативните решенија кои ќе бидат споделени, НМСМ ќе селектира максимум 15 учесници за YO! Fest 2018. Трошоците за пат, сместување и храна ќе бидат покриени од Национален младински совет на Македонија.
Предност имаат учесниците кои доаѓаат од организации членки на НМСМ.
Што се очекува од вас ако сте избран/а?
– Да го потврдите вашето присуство потпишувајќи документ за потврда и достава на лични податоци 48 часа откако ќе бидете известени дека сте селектирани.
-Да бидете редовно вклучени во подготвителните средби за YO! Fest предводени од Секретаријатот на Национален младински совет на Македонија во периодот од март до мај.
– Да бидете активно вклучени во активностите кои ќе ги спроведува НМСМ во рамки на YO! Fest.
– Да бидете подготвени за дружење и вмрежување со млади од различни профили ширум Европа.