Иако не аплицирала (од за нас сосема непознати причини) сепак мислиме дека заслужува објава. Проткаeна со логички грешки, што е всушност и една карактетирстика на кромид вести, сакаме да ја споделиме оваа вест за ваша забава и критичко размислување
Воедно ја поздравуваме неа и сите останати кои работат за општеството, посебно за македонскиот студент. Ќе продолжиме да ги користиме нашите знаења за застапување на младите низ бирократиите и институциите, со надеж дека еден ден и оние со анархистички, утописки и антикапиталистички идеи ќе добијат простор и на важност во општествениот поредок.
НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА ОДЛУЧИЛА ДА НЕ ПЕРЕ ПАРИ
„Младинската невладина организација МОФ на својот последен состанок одлучи да го блокира протокот на пари на својата сметка и да ја прогласи организацијата за ДЕФАКТО непрофитна.
– Ова нема поента. За што веќе да глумиме лудило, кога и на врапчињата им е јасно зошто постоиме. Не сакаме повеќе да бидеме штрафче на глобалната машинерија за перење пари која постои и за да симулира лажна демократичност во ова сурово хиерархиско капиталистичко општество – стоеше во нивното официјално известување.
Во соопштението се вели дека во невладината ненадејно дошле до сознание дека ништо не се менува со проектчиња и по институционален пат, освен што власта ќе им фрли по некоја трошка за да се тргне барањето од дневен ред. На својата следна седница ќе одлучуваат за промена на името, кое според последните шпекулации можно е да гласи МОФКВНДППЖС (Младински образовен форум којшто више нема да пере пари жими све).
Поради изразени сомнежи дека ова известување, бидувајќи премногу неверојатно за да биде вистинито, е всушност завера која на МОФ им ја подметнала некоја радикална левичарска група, нашата редакција се обрати до претседателот Којидаимбеше.
– Немам више образ ни пред сам себе да бранам студентски права за јака дневница – изјави претседателот, кој додаде дека за последниот проект именуван „принтање визит картички“ добиле бесмислени 345.473 долари, што било и причина членството на невладината да се подзамисли.
Oсновачот на фондацијата Сорос, Џорџ Сорос, филантроп и хуманист, кој веќе 20 години успешно ги контролира опозициите во пола држави во светот, ја потврди оваа вест со својата изјава:
– Точно е дека ја раскинавме соработката со МОФ, и самите сме изненадени од нивниот дефетизам. Не можам да разберам како тоа што заработувам 22 милијарди долари годишно не е добро за човештвото? – се запраша Сорос и додаде дека без разлика на тоа што изгубиле студентска младина за контролирање, сеуште во раце држат огромна порција од невладините организации во Македонија, и тоа не само опозиционерски.“