Британскиот ланец на супермаркети „Исланд“ е првиот поголем трговец на мало кој се обврзува да ја елиминира пластичната амбалажа за сопствените брендови во рок од пет години со цел да помогне во намалување на загадувањето од пластика.
Од компанијата соопштија дека пластиката ќе ја заменат со хартиени и платнени торби кои може да се рециклираат дома или во продавниците.
Потегот, кој беше поздравен од активистите за животна средина, доаѓа во услови кога има растечка загриженост поради загадувањето од пластиката во океанските води, од кое страда животинскиот свет, како што се водените желки и птици.
Според нивната анкета, голем дел од нивните купувачи го поддржуваат овој потег, или поточно 80 отсто од 5 000 анкетирани граѓани.
Директорот на компанијата, Ричард Вокер, вели: „Секој камион влегува во нашите океани секоја минута предизвикувајќи невидена штета на нашето морско окружување и на човештвото – бидејќи сите ние зависиме од океаните за нашиот опстанок“.
Тој, исто така, рече дека „Исланд“ ќе осигура дека целото пакување е целосно рециклирано и ќе се рециклира, преку поддршка за иницијативи како што е шемата за враќање на шишиња со оставање на депозит, но за пластични шишиња.
Извршниот директор на Гринпис во Велика Британија, Џон Соувен, рече: „Минатиот месец долга листа на поранешни шефови на најголемите британски групи за малопродажба напишаа заедничка изјава за да објаснат дека единствено решение за пластичното загадување било трговците на мало да ја отфрлат пластиката целосно во корист на поодржливи алтернативи како рециклирана хартија, челик, стакло и алуминиум. Сега ‘Исланд ‘го презеде тој предизвик со храбриот залог да се ослободи од пластика во рок од пет години“.
Минатата недела премиерката Тереза Мај вети дека ќе го елиминира целиот пластичен отпад што може да се избегне во рок од 25 години, како дел од владината стратегија за животна средина.