Преку „Мрдни со прст“ ревија за акцијата „Сите стоплени во зима“

Акцијата „Сите стоплени во зима“ има цел да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна, а ќе кулминира со модна ревија на 15 македонски модни дизајнери на која јавни личности ќе ги претстават нивните креации со користена облека на која дизајнерите и дадоа нов лик, најавуваат од иницијативата „Мрдни со прст“.

Меѓу другите, на оваа акција досега се приклучија и Никола Булевски, Ирина Тошева, Иван Петрушевски, Никола Ефтимов и Горан Костовски Индог.

Горан Костовски – Индог

„Големината на еден човек не се состои во тоа колку има туку колку придонесува и помага општествотo да биде подобро“, вели Индог.

Инаку, преку акцијата „Сите стоплени во зима“, вчера сите граѓани во повеќе кафулиња од 12 до 19 часот можеа да подарат пакети со зимска облека што повеќе не ја носат – капути, јакни, шалови, ракавици, џемпери, блузи, фармерки и сл.